
Некогашниот младински фудбалер на ФК ,,Брегалница” Делчево, 24-годишниот офанзивен фудбалер, Кристијан Велиновски кој за екипата на Брера (Академија Пандев) од Струмица има одиграно шест сезони и притоа постигнато 15 голови и 14 асистенции на 113 натпревари, својата кариера ќе ја продолжи во Сумгајит, амбициозен клуб од Азербејџан кој има амбиции за излез во Европа на крајот од сезоната.
За трансферот струмичани ќе добијат 100.000 евра, иако имаше најави дека може да ја добие и капитенската лента, но клубот се одлучи да го продаде поради истекот на неговиот договор кој изминува оваа сезон.а
Договорот до Кристијан кој имаше понуди и од други клубови е на две години.
Честитки за нашиот претставник на кој му посакуваме излез во Европа со новиот клуб.
Leave a Reply