
Голем шаховски настан во Македонска Каменица. Шаховскиот клуб “Каменица Саса” организира симултан натпревар со Шаховскиот Велемајстор, г-дин Влатко Богдановски, кој што е 7️⃣ – кратен шампион на Македонија и долгогодишен репрезентативец
Симултаниот натпревар ќе се одржи на ден 16.09.2023 година, во Куќата на Спортот во Македонска Каменица, со почеток во 🕓 11.00 часот
При тоа како што стои во објавата на клубот ќе се игра на 28 шаховски табли, а сите заинтересирани шахисти потребно е да се пријават кај претседателот на клубот, г-дин Лазо Стаменковски на телефонскиот број ☎️ 071 279 583

Leave a Reply