Трајковски: По 37 години патот во с.Разловци со нов лик

Денеска започна поставувањето асфалт на регионалниот пат за најодалеченото село во Општина Делчево, с. Разловци, информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на својот официјален фб налог.

Pаботите како што посочи Трајковски кој изврши увид на местото каде се асфалтираше, се одвиваат според предвидената динамика и се во понапредна фаза.

-Со реконструкцијата, по 37 години од изградбата на овој пат, жителите добиваат современа патна инфраструктура што ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот, рече Трајковски.

Работите ги извршува ЈП за одржување регионални и магистрални патишта, вредноста на работите е 50 милиони денари, средства предвидени во програмата на ЈПДП.

Од ЈП за одржување магистрални и регионални патишта информираат дека поради работите на патот ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се апелира до учесниците на сообраќајот на внимателно возење и почитување на сигнализацијата на патот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*