
Викендов стартуваше новото првенство во трета Фудбалска Лига – Исток во кое за жал годинава не се натпреварува Фудбалскиот клуб ,,Брегалница” Делчево. Поради тоа на програмата годинава секоја недела ќе се играат по 4 натпревари со тоа што една од екипите ќе биде слободна. Така беше и оваа недела в четирите натпревари колку што беа на програмата, на кои по две победи извојуваа домаќините и гостите
Во Берово , ОФК ,,Малеш” славеше против екипата на „Ударник“ од Пирава, додека најголемиот кандидат за првото место „Слога 1934“ загуби на гостувањето кај Дојранско Езеро.
Гостинските победи им припаднаа на силната екипа на „Овче Поле“ и „Вардарски“ кои победија против Тиверија во Струмица.
Резултати:
„Малеш“ – „Ударници“ 2:1
„Карбинци“ – „Овче Поле“ 1:3
„Тиверија“ – „Вардарски“ 0:4
„Дојранско Езеро“ – „Слога 1934“ 1:0
Слободна во првото коло беше екипата на „Рудар“ од Пробиштип.

Leave a Reply