Претставници на Регионалниот Центар за следење на шумски пожар во посета на ТППЕ Делчево

Регионалниот Центар за Следење на Шумски Пожари, во периодот од 18 до 22 септември 2023 година,  одржува работилница за изградба на капацитети за мониторирање на пожари  во Берово. 

Во склоп на работилницата денес, на 20-ти септември, беше организирана посета на ТППЕ Берово, со цел преглед на досегашните искуства во користење на донираната опрема и возила од страна на SDC . 

-Изразивме благодарност за донацијата дрон и споделивме искуства за неговото користење, споделувајки ја информацијата со гостите дека имаме обучени 6 лица од Берово и Пехчево за пилотирање со дронот, истакнаа од ТППЕ Берово.

На работилницата учествуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој заблагодарувајко се за подршката и донацијата, рече дека истата во значителни размери ги зајакнала капацитетите на ТППЕ Берово. 

Во рамки на работилницата командирот на одделение, Димитар Гошевски, пред присутните ја претстави опремата- возилата и униформите со кои располага единицата, потенцирајки дека опременоста на единицата во моментот е на повисоко ниво. 

Средбата заврши со разгледување на донираната опрема и споделување на искуства од противпожарна заштита, од страна на беровските пожарникари. 

Работилницата се одржува во склоп на проектот “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC)  организирана од Регионален Центар за Следење на Пожари, координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје, со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*