
Регионалниот центар за застапување Делчево со поддршка од Министерството за животна средина спроведува неколкумесечен проект за јакнење капацитети за Архуската Конвенција и за нејзините вредности за претставници од општините во регионот, локалните институции и граѓанските организации.




Во рамки на проектот, денес претставници од Архус Центарот во Скопје спроведуваат еднодневна обука на тема „Примена на Архуска конвенција на локално ниво – Пристап до информации за животна средина“.
Проектот како што информираше Тони Стоименовски од здружението Регионален центар за застапување е наменет за јакнење на капацитетите на администрацијата и граѓанскиот сектор од Делчево и регионот на тема Архуска конвенција.
-Архуската конвенција значи опфаќа теми за слободен пристап до информации и пристап до правда, односно можностите граѓаните да учествуваат во донесување на одлуки кога се на тема односно на дневен ред поврзани прашања со животна средина односно проектите кои се градат во делот на животна средина. Исто така и слободен пристап до информации е една од темите што ги тангира Архуската конвенција преку кои слободен пристап до информации можат граѓаните да дојдат до потребната информација која ги засега лично или која што ја засега целокупното општество односно местото на живеење, истакна Стоименовски.










Изрази надеж дека оваа обука ќе придонесе да се зајакнат капацитетите на локалните институции и граѓанските организации.
-Она што е важно граѓаните да знаат е дека секоја институција во Македонија има лице задолжено лице за слободен пристап до информации. Кога ќе стаса барањето до лицето за слободен пристап до информации истото е должно да го проследидо лицето за животна средина, по што заедно со документацијата која е изработена односно прашањето кое треба да се одговори во пакет, се доставуваа во одредени рокови во зависност од видот на прашањето до лицето барател, додаде Стоименовски.
Покрај јакнењето на капацитетите, како дел од проектот во завршна фаза е истражувањето со прашања до општините и истражување до граѓаните за тоа колку барања досега се поднесени до општините и е одговорено на истите и колкаво е задоволството на граѓаните односно дали тие одговори придонеле за решавање на некои од прашањата.
Видео на следниот ЛИНК
Leave a Reply