ЈЛБ ,,Илинден” додели бесплатни членски карти за учениците од Ѕвегор и Габрово

Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.

Во рамки на одбележувањето на месецот на книгата, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, денеска ги посети подрачните училишта на ООУ„Ванчо Прке“, во Ѕвегор и Габрово и на сите ученици им подели бесплатни членски карти. Оние ученици кои веќе се наши членови, бесплатниот број во библиотеката ќе им важи од следната година.

Децата се најомилените наши членови и секогаш се радуваме кога ќе дојдат во библиотеката. Изборот на детска литература е голем. Читањето е одличен начин за развивање на креативноста како кај малите деца така и кај возрасните бидејќи му дозволува на мозокот да се ослободи од стегите на реалноста и да и дозволи на креативноста да излезе на површина.

Ги очекуваме учениците од двете подрачни училишта во најскоро време да бидат наши гости и ние да ги дочекаме со иста радост, возбуда и убави моменти, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*