Во с.Тработивиште се одржа третата Зелкаријада

Денеска (сабота, 14 октомври 2023) во училишниот двор на ОУ „Климент Охридски„ се одржа манифестацијата -трета по ред, , ,,Зелкаријада 2023″. Селото, во празничен амбиент, ги дочека бројните гости и намерници од Општина Делчево, но и од цела Малешевија и Пијанец. Меѓу нив беа и пензионери од Велес и од Скопје, кои допатуваа со три автобуси, специјално да присуствуваат на веќе традиционалната, тработивишка Зелкаријада.

Тие имаа можност да си купат зелки и други градинарски производи кои се продаваа на специјално поставените тезги.

Иницијаторите и организаторите на Зелкаријадата (Венко Иванов, Џелал Садулов, Фиданчо Цинцовски, со своите соработници, се погрижија гостите да бидат почестени со традиционалните салата и манџа од зелка.

За музичкиот дел од програмата беше ангажиран Чарли од Разловци со негов бенд. Цел ден училишниот двор ечеше од македонски песни и ора, а учесниците пееја, играа, се веселеа.

Многу пофалби беа искажани и за естетски уредениот булевар, со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација од нашинецот Миле Велков, пензиониран сообраќаец.

Со заеднички напори на организаторите и помош од месното население, донаторите и спонзорите, тработивишката ЗЕЛКАРИЈАДА, ќе продолжи да се одржува и во иднина. се разбира, со побогата и поосмислена концепција и со културно-уметнички содржини.

Среќно и догледање до наредната Тработивишка Зелкаријада 2024, информираше за настанот новинарот во пензија по потекло од село Тработивиште, Васил Маневски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*