
Пристигна првата убава вест од Анталија, Туркије каде Мелани Трајковска, нашата претставчка на ,,Кралицата на ЕвроАзија 2023″ веќе ја освои и првата награда. Имено според информациите кои ги добивме од нејзиниот тим, Трајковска е прогласена за најдобар костум и Кралица на модата.

До главниот натпревар кој ќе се одржи на 24 октомври кога ќе се избира ,,Кралицата на ЕвроАзија 2023″, 23-те кандидатки за кралици секојдневно се дружат во рамки на кампот организиран од Леон Каратигин.

Тие имаат тура низ Анталија во рамките на рамко на овој кампот за натпревари, а последната активност која ја имаа е посета на селфи паркот во Анталија Лара.
Додека кандидатките за кралица се фотографираа со задоволство, зад себе оставија пријатен спомен од Турција.
По селфи паркот отидоа во водопадот Дуден и забавниот парк Земја на Лагенс и ги гледаа специјалните шоуа.
Кандидатките за ,,Кралица на ЕвроАзија 2023″ ќе се појават пред жирито во хотелот каде што кампуваат вечерта на 24 октомври. Убавиците кои се подготвуваат за големото финале, преостанатото време го поминуваат на базен и плажа.
Честитки за нашата претставничка, а во продолжение ви доловуваме фото и видео материјал од доделувањето на наградата за најдобар костум и Кралица на модата која ја доби токму Трајковска.











Leave a Reply