Се асфалтира дел од улицата ,,Задарска” во Берово

Со поставување асфалт, заврши реконструкцијата на дел од улицата ,,Задарска” во Берово. Увид во завршните активности изврши градоначалникот Звонко Пекевски кој рече дека претходно се работеше и на целосна реконструкција во делот на одводнувањето на самата улица.

-Денес се асфалтира  дел од ул.,,Задарска” во Берово. По извршениот увид можам да кажам дека асфалтирањето на улицата е во должина од 270 метри, со широчина од 6 метри, по претходно извршено одводнување, во постоечката атмосферска канализација, рече Пекевски.

Активноста како што додаде се реализира преку Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година.

-Со изградбата на оваа улица,  се подобрува патната инфраструктура во Берово и ќе се олесни пристапноста на жителите, кои живеат во овој дел на градот, до нивните семејни куќи, додаде Пекевски.

За изградбата на дел од улица ,,Задарска”, од Буџетот на Општина Берово, за 2023 година се издвоени вкупно 3.853.065,00  денари

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*