Хотелот и ресторан Царевоселски привлекува туристи во центарот на Делчево

Ако некогаш сте посакале да ја посетите и истражувате планината Голак која се издига над градот Делчево, токму во градот Делчево вие можете да резервирате престој за вас и цело ваше друштво.

Ако зборуваме пак за организирање на тим-билдинг настани за мали компании, тогаш хотелот Царевоселски има капацитет да смести 30 гости истовремено.

Царевоселски е уникатен хотел и ресторан кој се наоѓа на самиот брег на реката Брегалница.

Идеално сместување за парови, за семејства или поголеми фамилии. Идеално сместување и за колегијални патувања и семинари. Самото хотелче нуди прекрасен поглед кон реката Брегалница, а на самиот кеј има ресторан кој во вечерните часови ви нуди пријатно чувство.

Прекрасната планина Голак се наоѓа на 10 километри од сместувањето, идеална дестинација за активен туризам, прошетка во природа и можност за едукација на вашите дечиња за животинскиот и растителен свет на планината. 

Сместувањето пак, дозволува влез на домашни миленици, што му дава предност во однос на другите сместувања и дава до знаење дека можете да го понесете и вашето најверно другарче на патување со вас.

Самиот објект има ресторан, билјард клуб, летна тераса, парк и пешачка патека. Повеќе информации за хотелот и сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*