
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Ги известуваме пчеларите од подрачјето на општина Делчево и пошироко дека Здружението на пчелари ПИЈАНЕЧКА ПЧЕЛА ДВА од Делчево на ден 08.11.2023 година организира предавање на тема
,,Производство и одгледување на матици”
За предавач на оваа тема го поканивме господинот Предраг Миленковиќ од Република Србија-реномиран пчелар и автор на повеќе дела од областа на пчеларството.
Предавањето ќе се одржи во Конгресната сала на Гимназијата со почеток во 17,00 часот.
За членовите на Здружението кои ја платиле чланарината за 2023 година влезот ќе биде бесплатен (со презентирање на Членската книшка).
Останатите членови и заинтересирани за влез ќе платат по 200 денари котизација.

Leave a Reply