
На огромно задоволство на ЈЛБ „Илинден“-Делчево , огромен е бројот на пријавени за натпреварот по краснопис, соопштија денес од библиотеката, потенцирајки дека станува збор за најголема бројка на пријавени ученици до сега, од сите настани и активности кои ги реализирала библиотеката.
-Од ООУ„Ванчо Прке“ пријавени се 38 ученици, а од ООУ„Св.Климент Охридски“ 37 ученици. БРАВО!Сепак најголемата просторија со која располага библиотеката е читалната, но таа не може да ги собере сите 75 ученици. ЈЛБ „Илинден“ одлучи во среда од 12 часот до 12.30, да се наптреваруваат учениците од ООУ„Ванчо Прке“, а од 12.30 до 13 часот да се натпреваруваат учениците од ООУ„Св.Климент Охридски“. Текстот што треба да го пишуваат учениците е краток, 15 кратки реченички и време од 30 минути е доволно за пишување. Во 13, 30 часот , ќе се соберат сите ученици и од двете училишта во читалната на библиотеката и сите ќе добијат благодарници за учество на натпреварот, истакнаа од библиотеката.
Изборната комисија во состав Даниела Георгиевска- библиотекар во ЈЛБ„Илинден“, Валентина Даневска, наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“ и Габриела Димнитровска-наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“, ќе избере 3 најдобри и ќе додели награди за прво, второ и трето место на натпреварот по краснопис. Ученици среќно! Ве очекуваме, се вели на крај на објавата на ЈЛБ ,,Илинден”.
Leave a Reply