Новогодишни активности во пехчевската библиотека

Дечињата од продолжениот престој при ОЈУДГ “7Септември” во Пехчево денеска беа во посета на библиотеката “Кочо Рацин” со една цел, да го достават подарокот(Новогодишна честитка и икебана) изработен од вредните рачиња на умните дечиња со помош на учителката Сузана и негователката Стефанија, информираа за оваа актовност од пехчевскаѕа библиотека.

-Разговаравме за Нова Година, за нивните желби што очекуваат дедо Мраз да ги оствари. Ги напишавме пораките, го адресиравме писмото до него и очекуваме дека истото ќе стигне до Нова Година во далечната Лапонија. За умните и вредни дечиња директорката на библиотеката секогаш има скромни подароци. Прекрасна средба, насмеани лица, задоволни дечиња, рече директорката Габриела Костадинова.

Повеќе фотографии на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02kPFmcBoQ5kLxNHnYdftkGy5Y3R1agD2uDc534aWBEzwwCfPgKQ6fmDmt5vA99hX1l&id=100057187700671&mibextid=Nif5oz

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*