Потпишани договорите за нови инфраструктурни проекти во Делчево

Градоначалникот Горан Трајковски денеска во Владата го потпиша договорот за реализација на три инфраструктурни проекти. Со поддршка на Владата на РСМ, ќе се градат нови улици во три населби во градот со што ќе се создадат услови за подобар квалитет животот на граѓаните, а со современи сообраќајници ќе се заменат досегашните земјени улици.

Договорот за реализација на проектите е вреден 15,7 милиони денари. Конкретно за Делчево ќе се реализираат следните инфраструктурни проекти:

Ø Изградба на улица „ 3“, „5“и „6“ во населба „Пролет“, во должина од 510 м, со вредност од 9.225.000 денари,

Ø изградба на краци на улица „Орце Николов“ во должина од 300м, со вредност од 3.640.000 денари

Ø изградба на дел од улица- булевар „Македонија“ во должина од 141м во вредност од 2.878.000 денари. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект ќе се поврзе улицата-булевар„Македонија“ со ул „Пере Тошев“.

Градоначалникот Трајковски нагласи дека реализацијата на овие проекти е одговор на барањата на нашите сограѓани и чекор повеќе за убав и модерен изглед на Делчево.

-Владата на РСМ одговара на барањата на општините и на граѓаните, во Делчево, конкретно, со проекти и со средства. Изразувам благодарност за поддршката на Делчево и ми претставува задоволство што оваа 2023 година ја завршуваме со најавата за реализација на нови проекти, значајни за граѓаните, рече Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*