Потпишан договорот за ,,Изградба на пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица”

Грасоначалникот на Берово, Звонко Пекевски со министерот за транспорт и врски го потпиша договорот за ,,Изградба на пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица”.

Патот е многу значаен за жителите на Општина Берово, но и за посетителите , за рекреативците и за сите кои уживаат во прошетките во природа.

-Со реконструкцијата на овој пат, уште еднаш ја потврдуваме заложбата за олеснување на пристапот на жителите до нивните имоти, за подобрување на условите за рекреативен туризам и воопшто за подобрување на квалитетот на живот на жителите на општина Берово, истакна Пекевски.

Средствата во износ од 13.287.000,00 денари, се обезбедени од Буџетот на РСМ за 2023 година и доделени на Општина Берово, како капитални дотации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*