Божиќна забава по повод Христовото Раѓање во беровско Русиново

Во беровското село Русиново се одржа традиционаналната Божиќна забава организирана од месната заедница од Русиново.

Во рамки на настанот беа доделени признанија за Благој Механџиски – Зегин и здружението ,,Малешевци за Малешевијата” како и Роберт Николов и Ѓорѓи Пеовски како претставници на здружението за особен придонес во афирмацијата на село Русиново.

Пред своите сожители Благој Механџиски Зегин рече дека е чест и задоволство да се прими награда во своето родно место и да се присуствува на Божиќната забава која се одржува во спортската сала која има своја историја.

-Овде ги почнавме првите школски часови во далечната 1953 година. Тоа беше една од најголемите прогимназии во тоа време. Тогаш во Русиново имаше до 750 ученици за разлика од сега. Од тука никнаа многу паметни и земјоделци и татковци и дедовци, професори, учители и инженери. Вие треба да се гордеете бидејки во Малешевијата има најучени и најработливи свет во Европа, првото место не може да ни го земе никој. Благодарам и се чувствувам радосен кога сум меѓу Вас, ви стојам на располагање, нашите потенцијали се големи, колку се мои толку се и ваши. Убав провод, убава веселба и за арни работи да се гледаме, рече Механџиски Зегин.

Во рамки на настанот беше организирана богата лотарија со главна награда лап-топ, а се доделуваа и телевизори, машина за перење алишта, ајфон, таблет, голем број на машински алати, вредносни ваучери, апарати за домаќинството и други вредни награди со вкупен награден фонд од околу 200.000 денари.

Како и секоја забава имаше многу музика испеан беше и малешевскиот хит Блажена горо Зелена која на радост на присутните лично ја испеа Благој Механџиски Зегин што предизвика овации меѓу присутните, а не изостана и традиционалното Малешевско оро.

Во продолжение погледнете како изгледаше целата Божиќна забава низ неколкуте видеа кои ги подготвивме од самиот настан:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*