Ученичката Ана Мавродиева назначена за претседател на Локалното собрание на млади на Општина Делчево

Седум делегати и седум заменици делегати од 6 граѓански организации и институции го сочинуваат Локалното собрание за млади на Општина Делчево кое ја одржа својата Конститутивна седница на која, Ана Мавродиева, ученичка во втора гордина од СОУ „М.М.Брицо“, беше едногласно избрана за претседавачка на Локалното собрание на млади на Општина Делчево.

Мандатот на членовите на Локалното собрание на млади изнесува 2 години со право на уште еден избор.

По конституирањето, а согласно со законските одредби, Собранието на млади го распиша и Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет и изборот на членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање.

Локалниот младински совет на Општина Делчево ќе брои 5 члена и претставува советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики и ќе има право да предлага точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево, да иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на локалната младинска стратегија и други политики, да доставува информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и да врши други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*