Се поголема побарувачката за домашното вино од винарија Јанковски

Се поголем број граѓани ја посетуваат семејната винарија Јанковски во делчевското село Драмче. Пред нешто повеќе од три години користејки го искуството со кое се здобил во Италија, сопственикот Кирчо Јанковски започна со производство на вино и за кратко време стана препознатлив меѓу населението по квалитетните вина кои ги произведува.

За производството користи одбрани сорти на грозје по потекло од регионот на Росоман, што според него е клучно за добар квалитет на виното. За време на новогодишните празници овој производител имаше посебно уредена дрвена куќарка, каде продаваше дел од своите производи, а редовно е присутен и на градскиот пазар секоја сабота. 

-Задоволен сум од овогодишната реколта. Благодарност до општината која континуирано ни помага нам на малите производители. Имавме обезбеден простор да ги претставиме производите на граѓаните кои редовно ги консумираат нашите вина, вели Јанковски.

Од овогодишната реколта располага со вината кадарка, вранец и темјаника која е најбарана од граѓаните.

-Имаме и вино од првата реколта, од пред три години кога го правевме првиот разговор. Благодарност до граѓаните кои секогаш знаат да не најдат и да побараат од нашите производи, додава Јанковски.

Денес во посета на винаријата во с.Драмче беа и наши иселеници во Швајцарија кои го пофалија виното на Јанковски и му посакаа уште поголеми успеси во иднина.

-За овој наш човек се најдобро, нека продолжи така, нека напредува и да се усовршува. Тој е сам и иако ова што го прави е импровизорно за почеток е добро. За кај нас можам да кажам дека дежавата помага повеќе со лиценци, со субвенции и др, вели иселеникот Метошко Новоселски кој работи во вински регион во Швајцарија и приликата ја искористи да поразговара со Јанковски за тамошните начини на производство на вино  вели Новоселски.

Во регионот Пиду, Шевр и другите околни градови како што додаде има голем број иселеници од Македонија, а само од делчевскиот регион околу 1000 луѓе. Дел од нив фамилијарно се иселени во Швајцарија  додека дел работат сезонски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*