Атанасовски ја посети малата Деа првородено бебе за 2024 година

Градоначалникот на соседна Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го посети семејството Стојковски и првороденото бебе во новата 2024. Еве ја неговата изјава по тој повод:

Почитувани сограѓани,

Со неизмерна радост, изразувам најискрени честитки до семејството Стојковски за нивната новородена Деа – првороденото дете во нашата Општина во Новата 2024 година.

На родителите, мајката Глорија Сугарева Стојковска и таткото Дени Стојковски , им честитам на најблескавиот благодет во нивното семејство. Нека малата Деа им биде непресушен извор на радост и среќа, да ги исполнува со бескрајни моменти на љубов и задоволство.

На малата прекрасна Деа ѝ посакувам добредојде во нашето градско семејство, каде што секое дете е причина за заедничка радост и гордост. Да расте во добро здравје, во среќа и со родителска грижа.

Општина Македонска Каменица на секое прво родено дете во новата година му доделува еднократна парична помош од 20.000 денари, а на сите новороденчиња парична помош од 10.000 денари.

Со почит,
Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*