Во Делчево промовирани резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Општина Делчево

 Во Делчево промовирани резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Општина Делчево. На заедничкиот состанок кој се одржа во Општината, беше потенцирано дека во рамки на проектот постигнати се евидентни позитивни резултати и промени во неколку области од работењето на Општината. 

-Позитивниот напредок и промени се евидентирани во делот на зголемена наплата на приходи од сопствени извори за над 21проеценти. Од проектот произлезе подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци. Тука ќе го напоменеме и зголемениот капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина”, истакнаа од Општината.

Во рамки на овој проект како што додадоа е изработен извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии за 2022, со препораки за подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста. Истот така подготвена и усвоена е процедура за извршување на расходите на Буџетот на Општина Делчево.

-Како Општина значајно за нас е и подобрувањето на индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 кој изнесува 16 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022 кога изнесувал 14. Истотака имаме подобрена активна транспарентност која во 2023 година изнесува 97,12 проценти , во однос на 2022 кога изнесуваше 88,6 проценти, додадоа од Општината.

Објавените индикатори на ризик во јавните набавки за 2022 година како што посочија објавени се на општинската веб-страница, исто како и интензитетот на даночната транспарентност на Општина Делчево која за 2022‐2023 изнесува 58 проценти (од можни 100 проценти) во однос на 2021-2022  кога истата изнесувала 46 проценти.

Општина Делчево е една од 24 –те нови партнер општини во проектот кој се спроведуваше во изминатиот период од 18 месеци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*