Игор Пехчевски го доби долгоочекуваниот лек Трикафта!

Еден од најгласните пациентите со цистилна фиброза да го добијат долгоочекуваниот лек Трикафта денес сподели убава вест. Од денеска како што објави на својот фејсбук профил започнува со примање на лекот кој за овие пациенти значи живот.

-Денеска почнувам со примање на долго очекуваниот и РЕВОЛУЦИОНЕРЕН лек ТРИКАФТА кој за мене ЖИВОТ значи❗️

Пресреќен сум за тоа што Макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност. Дојде и тој денот кога ЦФ почнува да значи ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНАЛНИ наместо Цистична фиброза.

Им посакувам на моите соборци што поскоро СИТЕ да го добијат лекот ❗️, истакна Пехчевски на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*