Одржана 31-та Седница на Советот на Општина Делчево

Нa 31 Седница на Советот на Општина Делчево на Дневен ред беа повеќе програми и извештаи за работа на Општина Делчево.

Советниците со мнозинство гласови ги усвоија: Извештајот за реализација на Програмата за односи со јавност и промоција на Општина Делчево за 2023 година и ја донесоа Програмата за односи со јавност и промоција на Општина Делчево за 2024 година. Исто така, беше усвоен и Извештајот за реализација на Годишната програма за одбележување настани и културни манифестации за 2023 година, Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2023 година и Програмата за социјална заштита за 2024 година.

Советниците ги верификуваа мандатите на членовите на Локалниот младински совет во кој членуваат:

1. Сара Ангелова – СОУ М.М.БрицоДелчево

2. Искра Георгиевска – Ромскикултурен и едукативенцентар „Тернипе МК“ Делчево

3. Вања Георгиевска – КУД „Гоце Делчев“ Делчево

4. Анастасија Такева – Организација ЖЕНА Делчево

5. Ана Мавродиева – Регионален центар за застапување Делчевo.

Мандатот на членовите на Локалниот младински совет на Општина Делчево трае 2 години со право на уште еден избор.

Советниците донесоа Одлука за ревидирање и проширување на членовите на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево во состав:

1. Горан Трајковски –градоначалник

2. Гоце Попов – командант

3. Кире Цоневски – соработник за превенција

4. Ванчо Новоселски –началник

5. Драган Балас – РЦУК Делчево

6. Тони Вангеловски – заштита и спасување од поплави

7. д-р Игор Јовановски- медицинска помош

8. д-р Зоран Ѓорговски- директор на ЈЗУ „Гоце Делчев“ Делчево

9. Зоран Багевски- началник на ОВР Делчево

10. Лејла Анакиевска – командир на ПС – ОН Делчево

11. Андријана Мулачка – заменик –командир на ПС – ОН Делчево

12. Горан Ѓоргиевски –началник на РЦ Исток

13. Аце Атанасов – командир на ПС за ГР

14. Зоран Василевски – командир на ТППЕ Делчево

15. Сузана Бошнаковска – јавен обвинител

16. Татјана Стојковска – администратор и записничар

17. Даниела Такева – односи со јавноста

18. Мијалчо Илиевски- возач

19.Стојче Стојковски – ЈКП ,,Брегалница,, Делчево

20. Сузана Велковска – ДЗС ПО Делчево

21. Влатко Ристов – инспектор при ДЗС ПО Делчево

22. Влатко Мицевски – заштита и спасување од пожари

23. Сунчица Ѓеоргиевска – советник во Совет на Општина Делчево

24. Сашко Ивановски – советник во Совет на Општина Делчево

Покрај постојаните членови, Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево може да ангажира и други лица како привремени членови во зависност од елементарната непогода која во даден момент е актуелна. Задача на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево е да раководи со просторните сили и другите субјекти ангажирани за заштита и спасување, како и донесување конкретни мерки и активности за време на кризна или вонредна состојба. Материјалното обезбедување на Штабот за заштита и спасување за Општина Делчево ќе се врши преку Буџетот на Општина Делчево.

На Седницата, меѓу другото се донесеа и одлуките за  утврдување зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во предходната година на подрачјето на Општина Делчево и Одлука со која дава согласност на Статутот на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе.

Оставка од член на Советот поднесе советникот Зекри Абдулов, по што советниците донесоа Одлука за престанок на мандатот на советникот Абдулов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*