Се сеќавате ли на екипите кои се натпреваруваа во Општинската фудбалска лига во Делчево?!

Обел, Јастреб, Орел, Младост, 11 Октомври….ова се само дел од имињата на фудбалските општински клунови кои се натпреваруваа во Општинската фудбалска лига во Делчево.

Ако се сетиме на тоа време може со гордост да мажеме дека тоа беа времиња кога овој спорт беше најпопуларниот во Делчево.

Натпреварите се играа на помошниот стадион во Делчево, на стадионот во село Тработивиште како и на други игралишта каде условите го дозволуваа тоа.

Доколку поседувате фотографии од тоа време слободно пратете ни ги во порака и истите ќе бидат објавени.

Во коментар на објавата слободно кажете го и името на екипата на која се сеќавате, а не е спомната во овој текст.

Ние ќе ги спомнеме:

ФК ОБЕЛ – с.Град

ФК ОРЕЛ – с.Разловци

ФК 11 ОКТОМВРИ – с.Габрово

ФК БРАТСТВО – Трети Реон

ФК ФЕОК – с.Косевица

ФК СИЛА – Први Реон

ФК ЈАСТРЕБ – с.Стамер

ФК БАБИНО ВНУЧЕ – Саса

ФК ИЛИНДЕН – ЅВЕГОР

ФК РУЕН – с.Дулица

ФК ЗЕМЈОТРЕС – с.Моштица

ФК КОСМОС – Каменица

ФК МЛАДОСТ – с.Вирче

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*