Работилница ,,Весници на пролетта” во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Прекрасно , весело утро во ЈЛБ „Илинден“-Делчево. Околу 65 дечиња, возрасна група 4-5 години од Детската градинка „Весели цветови“-Делчево, гласно и радосно влегоа во нашата библиотека, со цел да бидат дел од работилницата со наслов „Весници на пролетта“. Заедно со нивните воспитувачки Даниела Николовска, Билјана Васева и Бојана Јанкуловска и негователките Македонка Јанковска, Гордана Шиндева и Бранка Тренчевска, зборуваа за
жолтиот дрен, кокичето, качунката, кукурекот, темјанушката и други, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Кога тие ќе се појават и ќе нѐ погалат со својата смеа, тогаш пролетта излегува од својот замок под небесната стреа и триумфално тргнува на пат. Тргнува и, додека по патот патува,ние се наоѓаме во состојба на очекување, зимата – во состојба на подготовка за заминување, додаде директорката.

Дечињата ни донесоав цртежи со весниците на пролетта и истите ги изложивме низ читалната.Потоа слики од весници на пролетта дечињата ставија на направен парк, кој го наполнивме до пролетни цвеќиња.
Беше убаво, креативно, весело, со многу насмевки и песнички.

Весниците на пролатаа, се кревки растенија, а истовремено и доволно силни за да им пркосат на снегот и на студот, кои притоа успеваат да се пробијат и да израснат величествено на површината. Тие мали нежни растенија ни ги разубавуваат зимските денови и не потсетуваат дека пролетта е на прагот.

Благодарност до детската градинка „Весели цветови“ за реализацијата на денешната работилница.Се дружиме во следна прилика, додаде Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*