Дебата по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик во СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево

Денес ученици дебатери од Средното општинско училиште ,,Методи Митевски – Брицо” организираа јавна дебата и го одбележаа Денот на Мајчиниот Македонски јазик.

Нашите ученици зборуваа на македонски јазик, плетеа облека од мисли, бранеа свои мислења но и свои лични ставови на теза: “Овој дом верува дека употребата на туѓи зборови треба максимално да се намали”.

Да зборуваш на чист македонски јазик е привилегија која му припаднала исклучиво на македонскиот народ, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*