Планинарот Мира Симоновски од Делчево на 74 години дел од експедицијата за искачување на Килиманџаро !

Неверојатен подвиг започна делчевката Мира Симоновски која на свои 74 години е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кои своите високогорски акции ги започнуваат акција со искачување на Килиманџаро.

Искачувањето се реализира благодарение на високогорските акции кои КПС АЗОТ ги започнува со Килиманџаро.

-Од мое име и од име на клубот за планински спортови Азот, на нашиот член Mira Simonovski 74 год од Делчево и посакуваме мирен лет и лесни нозе како и успешна експедиција. Највеќе од се и посакуваме добро здравје и да ја надмине висината од 5137м ( Арарат ) која ја достигна во 2020 год во организација на клубот , на која со свој 70год стана највозрасна жена македонски искачувач на Арарат . Среќно Мира , се вели во објавата на КПС АЗОТ.

За овој нејзин подвиг Симоновска неодамна доби финаниска поддршка од Советот на Општина Делчево кои го поздравија нејзиниот подвиг.

Среќно на нашата сограѓанка и посакуваме и ние, очекувајки многу брзо фотографии од овој неверојатен нејзин подвиг на 74 години, што е вистинска реткост кога станува збор за жена планинар, особено за планинарењето во Македонија, на Балканот и пошироко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*