Локализиран пожарот во туристичката населба ,,Абланица” во Берово

Во Берово локализиран пожарот кој денес попладне избувна во близина на туристичката населба Абланица. Во гаснењето учествуваа екипи на ТППЕ Берово кои спречија пожарот да ги зафати блиските кампови во близина на населбата.

Во пожарот кој според првични информации од надлежните настанал од запалена сува трева, спречено е опожарување на два помошни објекти- плевни.

Локацијата на пожарот е кај месноста викана Макароновите плевни во населбата Абланица. 

Од ТППЕ Берово апелираат до населението да не се пали оган на отворено поради присуство на големи наслаги од трева и силен ветар кои многу бргу можат да предизвикаат пожар од поголеми размери. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*