В сабота и недела да навиваме за РК “Делчево” и КК “Патриот” ❗️

Викендов (сабота и недела) два возбудливи и значајни натпревари во женски ракомет и кошарка се играат во спортската сала Методи Митевски во Делчево.

Со почеток во 12.00 часот во сабота во рамки на Кадетската лига ЖРК Делчево е домаќин на актуелниот шампион ЖРК Стружанка од Струга. Ова е одлична причина да ги бодриме и навиваме за нашите ракометарки кои ќе бидат со сигурност достоен противник на овој за нив важен натпревар.

Уште поголема возбудата ќе биде во недела кога во рамки на Првата Б Лига со почеток од 13:00 часот се игра дерби и одлучувачки натпревар за шампионската титула. Во главна улога секако е екипата на Клубски Патриот која е пред освојување на трофејот. За тоа да се случи еве што се вели во најавата за натпреварот кој домашниот тим ќе го одигра против тимот на Шкупи.

Почитувани, се обраќаме до вас со почит и покана.

Оваа недела имаме привилегија да бидеме дел од важен дерби натпревар на колото, натпревар за шампионската титула во ПРВА-Б ЛИГА ЖЕНИ, и можност за влез во престижната ПРВА-А ЛИГА .

Со само еден кош победа или дури со пораз од 8 поени го задржуваме првото место!!!

Вашата поддршка е неизмерно значајна, независно од тоа дали ќе бидеме на врвот или не. Сите кои уживаат во кошарката, да покажат преку своети присуство и поддржувајќи ја нашата екипа.

Дојдете, Делчевчани заедно да постигнеме победа.

Ви благодариме за вашата поддршка и верување. Ве очекуваме!

ЖКК ,,Патриот” Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*