Свечена академија по повод 63 години постоење на СОУ ,,М.М.Брицо”

Со свечена академија во Делчево започнаа активностите за одбележување на 100 години од раѓањето на Методи Митевски – Брицо, еден од најпознатите организатори, учесник во НОБ и патрон на делчевската гимназија. 

Одбележувањето на  неговото рагање, како што рече директорката на гимназијата Дијана Цонева на вечерашната свечена академија, се совпаѓа и со 63 годишнината од постоењето на Средното општинско училиште во Делчево.

-Од учебната 1961/62 во Делчево се отвори првата средношколска институција во ова подрачје под името “Браќа Миладинови”. Името е променето во 1963 во името на првоборецот на НОБ од Делчево, Методија Митевски Брицо. Училиштето во учебната 1966/67 година прераснува во училиштен центар за средно образование, со отворањето на подрачните паралелките во Македонска Каменица. Оттогаш па до денес бројот на учениците сè повеќе се зголемува. Многу ученици од претходните  генерациикои имааат  завршено во оваа училиште денес заземаат важни и високи функции меѓу кои многумина од нив станале: професори на филолошки, природно математички  и рударски факултет, дипломирани економисти и правници доктори, офицери на АРМ и сл, рече Цонева.

Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ како што додаде низ годините прерасна во воспитно образовна институција со воспоставен систем на демократски вредности кои се рефлектираат преку здрава,  безбедна, дисциплинирана и стимулативна средина за учење.

-Ние градиме здрава иднина со нашите знаења и умеења, Станавме училиште со современ обрразовен систем.. Заеднички се движиме кон реализирање на нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот,преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Да опстоиме како училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа во кое ќе создаваме личности со високи вредности кои ги знаат своите права и одговорности, ќе го негуваме меѓусебното почитување и толеранција и ќе градиме взаемна доверба и почит. Нека јубилејот  100 години од рагањето на М.М.Брицо ни биде поттик да издржиме и да бидеме посилни, да докажеме дека секое зло со добро се победува. Честит патрон празник училиште наше, додаде Цонева.

Во рамки на настанот се одржа пригодна програма со настап на училишниот хор при гимназијата, театарска претстава, модна ревија, презентација на ученичката заедница од СОУ ,,М.М.Брицо, чиј тим е избрана за ,,Најгласни” во унапредувањето на училишната демокрарија. Исто така беа прочитани и наградените творби од литературниот конкурс по повод 100 години од раѓањето на Брицо, како и сите пофалени и наградени ученици на регионалните и државните натпревари.

Во рамки на одбележувањето на значајниот датум за гимназијата и градот Делчево, претходно се одржаа спортски натпревари, а по повод денот кога е роден Методија Митевски, во понеделник 15 април 2024 ќе биде положено цвеќе пред неговата биста во дворот на училиштето.

Во продолжение неколку сегменти од настанот кој во целост ќе може да го проследите в сабота.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*