Втора победа на ЖКК „Клубски Патриот“ над Струга 2009 за враќање во Првата А лига на Македонија

Женската кошаркарска екипа на „Патриот 2016“ од Делчево обезбеди пласман во Првата А лига на Македонија,  откако во спортската сала „Методи Митевски Брицо“ денес ја совлада екипата на Струга 2009. По првата победа на гостински терен пред два дена со 56:58, „патриотките“ денес славеа со убедливи 76:55 со што си обезбедија натпревар со шампионот Баскет Кам во разигрувањето за титулата во најелитното по квалитет натпреварување во женска кошарка. Тренерот на длечевки Љупо Петровски не можеше да г скрие задоволството што конечно целта е постигната, особено ако се знае дека совладана е цврстата екипа предводена од поранешниот селектор Владимир Ѓоровиќ.

-Како шампиони во Првата Б Лига, игравме со последно пласираниот тим од Првата А Лига, екипата на Струга 2009, која покрај поранешниот селекторот Ѓоровиќ, ја имаат Кристина Модева, од сениорската репрезентација. Видовме една квалитена екипа, но во исто време видовме уште поквалитетна екипа на Клубски Патриот, која ја освои титулата во М-16 минатата година, а сега сме први во М-18 конкуренција. Благодарност до Ина Рашова и Дарина Чимева, посебно до Ина Рашова која му даде срце на тимот играјки со овие деца 8 години во екипата. Изигравме во Струга и мудро и тактички, а овде не се прашуваше победникот, туку со која разлика ќе победиме на крај, рече Петровски.

Следува мала пауза, а потоа како што додаде тренерот на делчевки, на задоволство на публиката ќе се одигра соседското дерби помеѓу Патриот 2016 од Делчево и Баскет Кам од Македонска Каменица.

-Сега нашите кошаркарки заминуваат на екскурзија, грото наши кошаркарки се 2006 година, двете Бугарки се 21 и 31 година и затоа се надевам дека догодина сите ќе бидат полнолетни и ќе можат да одиграат уште поквалитетни натшревари. Со Бскет Кам кој е куп првак и шампион на Македонија ќе одиграме борбено и тимски и ќе покажеме на публиката дека Делчево е центар на кошарката во Македонија, додаде Петровски.

Натпреварот во Делчево се одигра предполни трибини, за што од домашниот табор упатија огромна благодарност за нивната поддршка.

Завршна изјава на тренерот Љупчо Петровски по враќањето на Патриот 2016 во Првата А лига (youtube.com)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*