ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг во Делчево

Вечерва во Делчево централен митинг пред првиот круг од претседателските и претстојните парламентарни избори одржа ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Митингот започна со обраќање на Шабан Салиу, претседател на Демократскиот Сојуз на Ромите, по што пред присутните се обрати Драган Ковачки носител во ИЕ 3.

Митингот продолжи со обраќање на кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, за на крај делчевци да ги поздрави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Носителот на листата во ИЕ 3, Драган Ковачки во своето обраќање рече дека наместо Владата да решава проблеми на граѓаните , времето го користи за крадење и нови бизнис зделки од кои само тие лично профитираат.

-Секојденвно измеќарите од ес-де-ес ни приредуваат нови криминални скандали и афери. Системот е девастиран, а институциите не функционираат. Ковачевски Димитар ветува живот, а донесоа хаос и безредија, на тацна ја дадоа Македонија на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и уште неколку од ДУИ, заради што граѓаните се револтирани, рече Ковачки, потенцирајки дека никогаш не било полошо во Македонија која е понижена обесправена помеѓу соседите, со распродадена историја, идентитет и јазик.

-Овие избори се шанса за промена, овие избори се последен глас на Македонија и на народот кој го повикувам да ја промениме оваа реалност во којашто не втурнаа во последните седум години ДУИ и нивните измеќари од Социјалдемократскиот сојуз. Ова не е македонија што ја заслужувате, овие избори се шанса да си ја вратиме Македонија повторно во рацете на граѓаните, затоа што граѓаните се силата на една држава. Промените се можни само доколку се сплотиме и обединиме заедно да го кренеме гласот, можни се само со победа на ВМРО-ДПМНЕ и влада која има визија за нова надеж, за нова иднина, влада на проекти и влада на реформи, влада која ќе ја трансформира Македонија и која ќе се бори за секој еден граѓанин за подостоинствен и поквалитетен живот, додаде Ковачки.

Со промената на власта како што додаде ќе биде отворен фронт против корупцијата, проверка на имотот на судиите и на јавните обвинители и нивните семејства. Најави 250 милиони евра за инвестициски бум во општините, намалување на бројот на функционери, односно во управните и надзорните одбори зголемување на надоместокот за социјална помош. Се обврза на линеарно покачување на пензиите од 5000 денари без разлика на висината на пензијата онезбедување секое дете да оди во градинка, поевтини сметки за струја преку укинување на измислената тарифа за пристап, милиони евра за македонските земјоделци, загарантиран откуп и цени на земјоделските производи.

-Најважно за Делчево кога го посетуваат е да изградиме експресен пат од Кочани до Делчево со што ќе го скратиме патот за околу 12 км. Кочани Делчево преку Калиманско Поле. Се обврзуваме за изградба на пречистителна станица за отпадни води, реконструкција на главни потесни цевководи за вода за пиење во градот Делчево и за вода за пиење во Габрово, Вирче, Град . Можност за производство на електрична енергија во централниот исток, ќе се разгледа можноста за снабдување со топлинска енергија во Делчево и во Македонска Каменица каде што ќе се искористи постојниот топлификациски систем и многу други проекти што ги имаме поместено во програмата 1198, кажа Ковачки.

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова во својот говор рече дека е чест да се биде во Делчево, градот на Гоце кој за актуелниот претседател е Бугарин, иако како  што рече нема име Гоце низ Бугарија, а Делчево вклучувајќи го и нејзиниот брат гордо го носи името Гоце. 

Покрај до присутните жени посебно упати поздрав до сите граѓани на Делчево без разлика на партиската припадност, велејки дека  гласот и на неопределените граѓани или граѓани кои не се занимаваат со политика во овој момент е важен за да можат да го кажат својот збор. 

-Посебно сакам да истакнам од мојата програма дека има едно место за најранливата категорија во Македонија, а тоа се Ромите. Мислам дека господинот Салиу неслучајно го погреши моето име и презиме…тоа е зошто е импресиониран веројатно од моето залагање во парламентот за член на комисијата за заштита од дискриминација. Затоа во мојата програма има посебен дел за ромската заедница кои мора да ги направиме умните стручни роми видливи, за да инспирираат и други, рече Сиљановска Давкова.

Малубројните како што додаде исто така се дел од Македонија и мора да уживаат посебна заштита.

 -Инаку тоа мултикултурно, мултиетничко мултиконфесионално е под прашалник особено ако тука е погубната формула за  бинационална држава бидејќи сите знаат дека каде што имате ,,би” имате победници и губитници и резултатот не е добар. Затоа треба да им помогнеме, додасе кандидатот за претсдател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, додаде Сиљановска Давкова.

Она што според неа го прави специфичен овој натпревар со седумте кандидати од една страна е баукот на примитивизмот и  неодговорноста, несвесноста и непочитувањето на националните и државните интереси. Од друга  страна како што кажа е нарцизмот меѓу дел од кандидатите кој според неа  предизвикува поделби и раздор.

Порача да се внимава на сопствеништвото лично или колективно на Македонија, на државата, на институциите.

-Институциите треба да бидат насочени кон искористување на јавно добро, а не институциите да ги користите во политички цели, да снимате спотови во институциите, славите роденден. Институциите не смеете да ги фамилијализирате..Затоа ние треба да ставиме крај на ужасната феудализација во македонија од луѓе со ограничен ум, од луѓе кои преку ноќ се збогатија. Да ги испратиме надвор од политиката бидејки со тоа не навредуваат и не повредуваат. Затоа мислам дека ова е пресуден последен момент од кој извира нашиот легитимитет, ама вие сте тие кои морате да ги делегитимирате, бидејќи не водеа сметка за граѓанските потреби интереси и не ги задоволуваа, туку само мислеа на себе, додаде Сиљановска Давкова

Мора како што рече еднаш да се тргне по филозофијата на санкционирање на секој без оглед на каква висока функција се наоѓал или се наоѓа уставот и законите мора да важат за сите на оваа линија.

-Јас исто така се залагам за сериозно преиспитување на статусот при изборот на судскиот совет, ова го велам како некој кој ќе биде надлежен за именување на двајца членови на судскиот совет, онаа скандалозна институција што не гарантира независно судство туку партиско судство. Не се станува европјанин со музика и со рецитирање, европјани се оние кои водат сметка за правната држава, оние кои водат сметка за суверенитетот на граѓаните, оние кои се борат за компетитивно Европско образование, оние кои се грижат за здравството, додаде кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Го прозва актуелниот претседател дека не води сметка за независното судство, дека молчел кога според неа ДУИ секојден правеше скандали и криминали, додека за ДУИ рече дека не се во право кога ги обвинуваат како коалиција дека гаат и манифестираат анти албанско расположение. 

-Далеку од умот, далеку од вистината, против ДУИ сме, односно против оние од ДУИ кои  посегнаа по целосна корупција и криминал, а на албанскиот народ и граѓани се добредојдени и за соработка и за соживот ова важи за сите други, потенцираше Сиљановска Давкова.

Нека си тера Ковачевски со неговото тендерско единство во ДУИ, јас ќе продолжам да повикувам на единство затоа што предолго Македонија е разединета на сто страни. И без оглед што некои поединци, дури и лидери и од таа опозиција, по налог на СДСМ ќе излезат да противречат на тоа единство, ќе бараат точки и запирки за расправа со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да бидат актуелни, единството е неминовен процес кој го посакуваат граѓаните кои се членови и на тие партии и тоа единство ќе се случи!, истакна во својот говор претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Караванот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во сите 4 општини од Пијанечко-Малешевскиот регион каде исто така имаше митинзи со граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево и Берово.

Целото излагање на говорниците од централниот митинг во Делчево на следниот линк:

https://www.youtube.com/live/8zTlrjWgHUw?si=SaLM2NkYgZ5UgM_i

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*