Крмов од Делчево и М.Каменица: Не може тие што ги создале проблемите сега да нудат решение за истите !

Носителот на листа на Левица во ИЕ3, Борислав Крмов денес ја претстави својата програма пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево.  За Македонска Каменица како рударска Општина вети донесување посебен закон со кој рударите ќе имаат поголеми привилегии при заминувањето во пензија.

-Јас како што сум информиран, рударите одат во пензија со 27-годишна работа и 13 години бенефициран стаж. Во ниедна држава не е така, ќе предложиме нов закон во собранието за  20 години стаж со 10 години бенефициран стаж, истакна Крмов.

При посетата на Делчево во чии рамки оствари средба со граѓани на градскиот пазар најави дека ќе се залага за подобра патна инфраструктура, алудирајки на изгразба на обиколницата која досегашните партии никогаш не ја изградиле и конечна изградба на патот Разловци – Митрашинци.

-Значи што е најбитно за Делчево, инфаструктурни проекти, на пример обиколницата не е направена, а тоа е многу битно за да нема гужви во градскиот сообраќај. Значи сите кои што патуваат за Бугарија да не мора да влегуваат во Делчево, понатаму брзиот експресен пат, регионалниот до Кочани исто треба се направи, преку Бигла и преку Калиманци. Понатаму 33 години веќе не лажат дека патот од селото Разловци со Митрашинци ќе се направи, додаде носителот на листа од Левица во ИЕ3.

Посебен акцент како што додаде ќе стави на намалување на стапката на иселување.

-Исто така Делчево има прекрасно детско одморалиште, кое што е намерно оставено да пропаѓа. Не може партиите кои што имаат доведено Делчево до оваа ситуација, сега одеднаш да нудат решение, тие се фактички проблемот, тие ги имаат  направено проблемите, јас сум сигурен дека поради тоа ќе ја препознаат Левица како единствена опција, заврши Крмов.

Носителот на листа во ИЕ3 од Левица денешната посета на Делчево ја искористи да оддаде почит на великанот Гоце Делчево, пред чиј споменик во градскиот парк во Делчево денес се одбележаа 121 година од неговото погибие.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*