Вечерва бевме поканети на трибина под наслов “ Современ контекст на идеите на Делчев. Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”, трибина која се одржа во Спомен дом АСНОМ во Делчево.
Трибината се одржа по повод 121 година од смртта на великанот Гоце Делчев, а ја организираше Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Делчево.
На трибината беше најавена иницијативата за возобновување на манифестацијата ,,Гоцеви Денови”, а во продолжение ќе имате можност да ги погледнете обраќањата на досегашните и кандидати за идни пратеници Никола Мицевски и Рашела Мизрахи, како и Ѓорѓија Малковски од Организацијата на резервни офицери на Македонија.
На крај на настанот свое обраќање имаше и Иван Гоцевски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Делчево.

Leave a Reply