ВИДЕО: Изјава на Иван Гоцевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево

Браќа и сестри!

Благодарам за поддршката што Македонците ја дадоа на својата Македонија.

Благодарам за довербата кон ВМРО-ДПМНЕ и одлуките да живееме во просперитетна и моќна држава.

Се обединивме под едно знаме, под една идеја, под една кауза,само за една единствена цел… Нашата Македонија! 🇲🇰

Ќе изградиме иднина, достојна за нашите аспирации. Убавата приказна ” Македонија на народот”, започнува од денес.

Благодарам од срце за Вашата непоколеблива поддршка , инспирирана од Вашата издржливост во тешкотиите во кои живееше цел народ до сега.
Благодарам на секој еден граѓанин, кој со својот глас ја спаси својата држава.

Благодарам на мојот тим, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, кој неуморно ден и ноќ се бореше и веруваше во нашата цел.

Посебна благодарност упатувам на Претседателите на Месните Комитети и Претседателите на КИМ-овите во цела општина Делчево, благодарност до Унијата на Ветерани, Унијата на Жени,членовите на Патриотскиот институт и непобедливите Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ!

Благодарност до сите коалициони партнери.

Благодарност до сите политички партии за фер и коректната кампања.

Благодарам МАКЕДОНИЈО
Благодарам ВМРО-ДПМНЕ
Благодарам драги мој сограѓани ДЕЛЧЕВЧАНИ

Да сте ми здрави и живи!
Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА , се вели во изјавата на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*