Епископ Марко на средба со директорот на Здравствен дом ,,Гоце Делчев” Делчево

На 23-ти мај Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, придружен од свештенството во епархијата, го посети здравствениот дом во Делчево. 

Оствари средба со директорот Спец. д-р. Зоран Ѓорѓевски, кој го запозна епископот со тековното работење на оваа установа која ги покрива двете општини Делчево и Македонска Каменица. Исто така, разговараа за сите одделенија со кои располага оваа установа и како се покриени со стручен кадар.

Констатацијата од средбата како што стои во објавата на Делчевско-каменичката епархија е дека за жал, во последно време недостига стручен кадар поради одење во пензија  на постоечките кадри, но и поради трендот на иселување на докторите во западните земји.

Епископот го запозна директорот Ѓорѓевски со идните планови за седиштето на епархијата, како и за доизградба на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево, а оствари средба и со раководителот на одделот за Трансфузиологија Спец. д-р. Виолета Ѓорѓевска, каде се запозна со нивните секојдневни активности и одговорности при работата.

На крајот го посети и тимот на Итната медицинска помош и разговараше со м-р. д-р. Гоце Стојменоски и со д-р. Александар Стојменоски, кои го запознаа со нивните активности.

Четирите тимови на Итната помош ја покриваат територијата на двата соседни градови заедно со сите населени места во овие две општини и како што беше кажано на средбата имаат околу петстотини интервенции на  месечно ниво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*