Јавен повик за учество во Општинско-корисна работа

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.06.2024 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Социјални услуги за сите” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
млади лица до 29 години
лица постари од 50 години
лица корисници на гарантирана минимална помош
лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
жртви на семејно насилство
лица со попреченост
родители на 3 и повеќе деца
лица припадници на ромската етничка заедница
самохрани родители
родители на деца со пречки во развојот

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Лице за поддршка и унапредување на услугите во народната кујна – 2(два)извршители;
Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини

Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – 2 (два) извршители;
Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност;

Лице за посета и нега на стари лица – 5 (пет) извршители;
Потребни квалификации- ССП или Основно образование, комуникативни вештини, толеранција, емпатичност, комуникативност

Едукатор – мотиватор во Дневен центар за лица со посебни потреби – 1 (еден) извршител (да припаѓа во целната група лица со попреченост);
Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, тработа со компјутери, интернет;

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 06.06.2024 година до 13.06.2024 година, од 07.30 часот до 15.30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување – Делчево кај лицето Сања Костадиновска, Центар за социјални работи Делчево кај лицето Благој Стоименовски.

Јавен повик за крајни корисници за Општинско- корисна работа за активноста „Посета и нега на стари лица“

Јавен повик за крајни корисници за Општинско- корисна работа за активноста „Посета и нега на стари лица“
Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“, за активноста „Посета и нега на стари лица“ (Набавка на топол оброк, набавка на основни продукти за хигиена и исхрана, препишување и набавка на лекови, плаќање сметки, пружање на елементарна помош и грижа за старите изнемоштени лица, мерење крвен притисок и шеќер во крвта, помош при основните дневни обврски кои лицата не се можност сами да ги извршуваат (подготовка на оброк, одржување на домот и сл.), придружба до лекар или некоја друга институција по потреба, заедничка прошетка и дружење) да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 26.06.2024 (среда).

Пријавата може да ја пополни и трето лице во име на крајниот корисник на услугите од активноста „Посета и нега на стари лица“.

Критериуми според кои ќе бидат определени 20 крајни корисници се:

Корисникот да не е пензионер или да прима минимална пензија,
Корисникот да живее сам,
Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВO

Градоначалник
Горан Трајковски

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*