Фото: По повод соборниот ден во с.Град иселениците во Швајцарија се помолија во црквата Св.Наум Охридски

По повод соборниот ден во с.Град иселениците во Швајцарија денес се помолија во црквата Св.Наум Охридски каде потоа се одржа заедничка средба на која беше дискутирано за повеќе точки меѓу кои и точката за изнаоѓање на можност и обезбедување на потребната документација за поставување на веќе обезбеден крст и осветлување на истиот на месноста “Калиште” во с.Град.

Ова е дел од нивната иницијатива за заживување на овој дел од нашата општина на кој во иднина ќе бидат и поставени и реквизити за пикник и одмор на посетителите кои имаат желба да се запознаат со ова важно историско место од нашата општина.

Ова е одлична иницијатива која иселениците во иднина очекуваат да допринесе за заживување и афирмација на овој дел од општина Делчево и е позитивен пример и мотив за создавање на идеи за развој на повеќе вакви локации од овој тип во општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*