Во село Русиново започнуваат Трујчинденски Русински Средби 2024

Света Троица како верски празник за жителите на село Русиново има посебно значење. Овој празник кој се смета како роденден за христијанството, меѓу жителите се слави како селска слава, со тоа што како што вели Васко Мадевски се пречекуваат гости од околните населби и пошироко.

-Самиот празник Св.Троица или по нашки Трујчинден, трае три дена, а во понеделник пречекуваме гости со пиење и богат ручек. Во 2019 година формиравме здружение на граѓани Св.Троица – Русиново кое секоја година организира прослава наречена Трујчинденски Русински Средби со програма во која учествуваат естрадни уметници од музиката од државата и естрадни уметници од нашата населба.

Во текот на славењето се одржува и турнир во мал фудбал, и сите тие содржини се причина што поголем број на Русинци да дојдат и да бидат дел од оваа Русинска Средба. Веруваме дека и оваа година оваа манифестација ќе биде помасовна и ги покануваме сите домаќини и гости да ја проследат програмата која е поделена во две вечери, вели Мадевски.

Порано за овој настан се приредувале големи веселби со зурли тапани.

-Оваа традиција полека ја однемува, а сега сакаме да го обновиме тоа на подруг начин. Тешко е да се организира ваков настан и да се направи таква манифестација, бидејки требаат финансии. Затоа имавме повик за донации и благодариме на сите кои се одзваа на повикот. Ние секогаш очекуваме што повеќе гости и од година во година сметаме дека манифестацијата ќе биде што побогата и со културни настани и со народ, додава Мадевски.

За овој настан како што додава најзаслужен е Благој Механџиски Зегин, а најголеми донации организаторите имаат и од Механџиски Сашко, Поповски Дарко и многу други на кои јавно им се заблагодаруваат.

Потсетување како поминаа минатогодишните Трујчинденски Русински Средби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*