Метео уред пронајден во атарот на делчевско Разловци

Во атарот на делчевското село Разловци при вршење земјоделска работа жители пронајдоа метео уред од типот М-10.

Направата според фотографијата која ни ја испратија жителите е сосема идентична со метео уредот – модем – М10, кој може да се пребара на интернет страната: www.meteomodem.com

Фотографија од пронајдениот уред
Фотографија од уредот преземена од веб страната www.meteomodem.com

Модемот се состои од повеќе компоненти, а како што стои во описот на самиот уред се користи за:

• Метеоролошки услуги: Радиозвучно мерење на горниот воздух ​

• Воени сили: метеоролошки и аеронаутички информации, балистички тестови

• Истражување: лаборатории, истражувачки институти, универзитети…слика подолу

Остатоците од овој метеоролошки уред пронајден во атарот на с.Разловци, чии главни компоненти се зачувани од страна на жителите, се предадени на делчевската полиција.

Линк до веб страната каде може да се прочита дел од намената на овие метео модеми прочитајте на следниот линк:

www.meteomodem.com

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*