Учесници од Делчево дел од франкофонски камп на Бел Идеал во Охрид

Ученици од Делчево заедно со дваесет ученици од основните и средни училишта во Македонија се наоѓаат во Охрид каде учествуваат на бесплатниот летен франкофонски камп во Охрид. Учеството доаѓа по одлично организираниот настан во организација на Фондацијата „Бел Идеал”, Париз, Франција, кој пред неколку месеци се одржа во Делчево, со поддршка на професорите по француски јазик Билјана Начовски и Магдалена Поповска.

Еднонеделниот камп ќе трае до 2 јули официјално, а истиот како што стои во објавата на локалните медиуми го отвориле амбасадорот на Франција во државава, Сирил Бомгартнер кој беше гостин и во Делчево и претседателката на фондацијата „Бел Идеал”, Јадранка Бојковска Бенрејдал која истот така на настанот во Делчево ги додели наградите на учесниците на настанот кој се одржа во Спомен дом АСНОМ.

Сите ученици ќе имаат активности за претставување на нивните градови на француски јазик, слободни активности за друштвени игри, запознавање на убавините на Охрид и забава на брегот на Охридското Езеро.

Фондацијата „Бел Идеал” континуирано работи на поддршка и промоција на младите франкофони, a втора година по ред го реализира бесплатниот летен франкофонски камп.

Во продолжение се потсетуваме на настанот на Бел Идеал кој се одржа во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*