На завршна приредба ученичката Елена Алексовска ја доби наградата за Првенец на генерацијата во ООУ ,,Св.Климент Охридски”

Наставничкиот совет при ООУ ,,Св.Климент Охридски” за Првенец на генерацијата ја прогласи ученичката Елена Алексовска од IX-1 одделение. Таа како што се вели во објавата на учичиштето е ученичка која гордо го претставуваше училиштето на сите општински, регионални, државни и меѓународни натпревари и сите воннаставни активности кои ги организираше училиштето и Општината.

-Елена уште од најрана возраст учествуваше на натпревари по математиката и природните науки, а подоцна по биолгија, англиски јазик, литературни конкурси и француски јазик.
Училиштето и Македонија ги претстави најдобро што можеше на меѓународни натпревари во Молдавија со познавањето на францускиот јазик. Истрајноста и амбициозноста те водеа по патот на успехот.

ЕЛЕНА Ти покажа како е да се биде истарен и да се поминат препреките за да се успее. Ти го честитаме епитетот првенец на генерацијата и ти посакуваме уште поголеми успеси понатаму!

За Првенец на генерацијата се пријавија и Ања Даневска и Исидора Јовановска кои исто така го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари. На сите ученички им посакуваме многу успех во иднина!, се вели во објавата на ООУ ,,Св.Климент

https://youtube.com/live/X8ofPUzQVCg?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*