Во Пехчево започна асфалтирањето на локалниот патен правец Чифлик – Умлена. Информацијата на својот фејсбук профил ја истакна пехчевскиот градоначалник Александар Китански кој апелираше на совесност при одвивање на сообраќајот за време на градежните работи.
-Почитувани граѓани!. После подолго време на ветувања Ве известуваме дека од денес почнува со асфалтирање на локалниот пат с. Чифлик до С. Умлена во Општина Пехчево, затоа Ве молиме за трпение и внимателно движење во сообраќајот на локалниот пат како и почитување на сообраќајната сигнализација, се вели во објавата на пехчевскиот градоначалник Александар Китански.



Leave a Reply