Вечерва во Берово теристичка дезинсекција против комарци

ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, се известуваат граѓаните на Берово дека на ден 08.07.2024 година (Понеделник наспроти Вторник) со почеток од 22.00 до 05:00 часот – екипи од ДТУ Зотокс Дооел – Скопје ќе ја спроведат ВТОРАТА ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на возрасни комарци.

Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во oпштината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*