Направен увид по појавата на изумрени риби во река Брегалница

Во Делчево денес извршен инспекциски надзор по појавата на изумрени риби регистрирана вчера попладне во долниот тек на река Брегалница. Според одговорниот инспектор Љупчо Симоновски, заради малиот број на угинати риби, се работи за поединечен случај најверојатно предизвикан од прекумерна  употреба на хемиски препарати при извршување на земјоделски работи.

 -Можно е и рибокрадство, но во вакви случаи може да дојде и при прекумерна употреба на хемиски препарати за време на извршување земјоделски работи. Од друга страна во долниот дел на река Брегалница немаме некои поголеми индустриски капацитети, заради што не може да се каже дека станува збор за помор на риби, вели Симоновски.

Од Спортското риболовно друштво ,,Брегалница” Делчево апелираа да се истражи причината, алудирајки, дека појавата се повторува речиси секое лето. 

Изумрените риби во текот на река Брегалница вчера беа регистрирани од страна на сточари кои вршеа испаша на домашни животни во долниот тек на река Брегалница кај Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*