За десетина дена делчевското село Град ќе го краси Свет Крст

За десетина дена во делчевското село Град ќе се постави Крстот кој е иницијатива на иселеници од с.Град кои неодамна добија поддршка од Советот на Општина Делчево.

За реализација на оваа идеја претходно се одржаа неколку состаноци, на кои покрај утврдувањето на точното место каде ќе биде поставен крстот, беше собрана и донација во швајцарски франци, средства кои ќе бидат искористени за реализација на целата идеја.

Утрово работите започнаа со копање на темелите каде ќе се постави Светиот Крст, а во наредните денови се планирани и останатите работи се до негово поставување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*