Министерството за животна средина ќе преземе мерки за прекинување на договорот со изведувачот на работите за изградба на водоснабдителен систем во делчевското село Ѕвегор. Ова е одговорот на Министерството упатен кон жителите од с.Ѕвегор, кои минатата недела протестираа поради долготрајната работа за изградба на водоснабдителниот систем, поради што дел од жителите повеќе од два месеци се без вода за пиење.
-Почитувани, во врска со реализација на проектот за Изградба на водоснабдителни системи во с. Ѕвегор и с. Габрово, Општина Делчево, Ве известуваме дека бавното темпо за реализација на проектот како и значајниот прекин на работите согласно известувањето од страна на надзорот и лицето овластено за следење на реализација на проектот се по вина на изведувачот на работите. Имајќи ја во предвид несериозноста на изведувачот на работите, Министерството превзема мерки во насока на Прекинување на договорот со изведувачот на работите, како и активности за избор на избор на изведувач, кој ќе ги заврши во целост работите, со цел излегување во пресрет на населението, се вели во известувањето на Министерството за животна средина.
Оттаму наведуваат дека се превземаат сите потребни мерки за завршување на неопходните работи во најкраток рок, со цел населението да се обезбеди со вода.
-Се надеваме на разбирање од Ваша страна за настанатата ситуација и ве уверуваме дека ќе се превземат сите мерки за решавање на проблемот со водоснабдување во најкраток рок, се додава во одговорот на МЖСПП.
Жителите на с.Ѕвегор поради хроничниот недостиг на вода, минатата недела едночасовно го блокираа патот кон Бугарија, а кон блокадите им се придружија и сите советници во делчевскиот Совет и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Leave a Reply