Од ден во ден се повеќе расте интересот на фирми кои сакаат да му помогнат на фудбалскиот клуб Брегалница Делчево 1926, се вели во објавата на клубот, од каде соопштија дека се поголем е бројот општествено одговорни фирми од Делчево кои сакаат својот град да има достоен фудбалски клуб, кој ќе носи радости на целиот град, од најмлади до највозрасни.
-Најнови компании кои ја препознаа нашата идеја за создавање на стабилен колектив се Панорама Аква Клуб, Хотел Панорама и ММЦ Прогрес. Уште еднаш ја користиме оваа прилика, јавно да ги повикаме и останатите фирми да бидат дел од оваа убава приказна, заеднички да создадеме силна Брегалница Делчево 1926, истакнаа од ФК Брегалница Делчево 1926.
Во меѓувреме сите помагатели клубот можат да го поддржат и сите поединци и останати општествено-одговорни фирми на следниот линк:

Leave a Reply