Донација од рачни изработки за играорната група при НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево

Традицијата, фолклорот, нашите убави носии, обичаи…се чуваат, негуваат и пренесуваат од колено на колено. Ова е главната порака по денешниот хуман гест на делчевката Даниела Атанасовска која за потребите на фолклорната група при НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” донираше рачно изработени носии и други изработки.

-Доколку имате дома, народна носија било каква, било какви рачни изработки кои се дел од народна носија и не Ви требаат не ги користите, не ги уништувајте и не ги фрлајте, на Фолклорната група при НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров” – Делчево ќе бидат добредојдени и користени. Денеска Daniela JJ Atanasovska oд Делчево ни подари фути, волнени чорапи, појаси и благодариме од срце. Наместо да останат уништени од времето, сега ќе ги користат играорците, промовирајќи го и негувајќи го нашиот фолклор, се вели во објавата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*