Тројца младинци од Делчево за прв пат ќе земат учество на Охридскиот пливачки маратон. Под будното око на нивниот ментор, професор Љупчо Прачкоски, тие вчера го одработија и последниот тренинг на Градскиот базен во Делчево, каде ги одработија подготовките во изминатите 20 дена.
Како што истакна професорот Прачкоски, браќата Филип, Максим и Калин Стефановски се тројца момчиња кои секоја година го посетуваат базенот и имаат огромна желба да пливаат и да постигнуваат резултати, што со поддршка на нивните родители бил и нивниот мотив да учествуваат на маратонот.

-Прво благодарност до нивните родители кои ја дадоа иницијативата да го направиме тој прв чекор, да го испливаат маратонот од 2,5 километри во Охрид. Јас мислам дека тоа е прва група на млади момчиња од Делчево кои тоа ќе го направат. Веќе 20 тина дена како се подготвуваме полека и постепено го освојуваат тој простор од 2,5 километри. Многу се грижиме за тоа како и на кој начин ќе пливаат затоа што тоа е езеро, прв пат ќе се најдат во ситуација да пливаат на Охридското езеро, ова е базен овдека нема бранови и струи, но сепак водата на некој начин е еднаква како на Охридското езеро, истакна Прачкоски.

Тренинзите како што додаде започнале тешко што според него е нормална околност додека траело прилагодувањето на условите како и на кој начин можат да ја поминат релацијата од 2,5 километри.
-Почнавме со 36 минути и сега комотно можат да пливаат без застој 2 часа, со многу голем интензитет. Пливаат со ист ритам, така и се договоривме да го пливаат тој ритам, никако да не го зголемуваат ритамот.
Овие активности ги правиме врз база на искуства како да учествуваат на лесен маратон. За понатаму за да постигнеме поголеми успеси, да го препливаат Охридското Езеро треба многу поголема ангажираност, многу поголема екипа, со многу подруги начини на припрема, додава Прачкоски.

Професионалноста во пливањето според него е еден многу специфичен дел и затоа гледајки ги како пливаат овие момчиња, кој и да продолжи да работи со нив, сигурен е дека ќе постигнат добри резултати.
-Посакувам овој прв маратон да им биде прва цел во животот која ќе ја исполнат. Благодарност до родителите и до овие прекрасни деца кои ми ја укажаа можноста да им бидам ментор во нивниот подвиг, заврши Прачкоски.
Апелира овој пример да го земат сите, не само родителите од Делчево, туку и пошироко. Инаку на последниот завршен тренинг на Градски Базен-Делчево одежан денес 30.07.2024 во 09 часот браќата Стефановски ги постигнаа следните резултати:
ФИЛИП (градно со делфин)
1.000 м – 32 мин и 40 сек
2.000 м – 1 час 10 мин и 30 с
2.500 м – 1 час 30 мин и 30 с
МАКСИМ (краул)
1.000 м – 29 мин и 23с
2.000 м -59 мин и 27с
2.500 – 1 час 14 мин и 07с
КАЛИН (краул)
1.000 м – 30 мин и 30 сек
2.000 м – 1 час 2 мин и 56с
2.500 м – 1 час 20 мин и 30с
Вкупно на 2.500 метри:
- Максим – 1 час 14 мин 07с
- Калин – 1 час 20 мин 30с
- Филип – 1 час 30 мин 30с

Leave a Reply